Од РФМ не можеа да премолчат и се огласија: Љубезно замолија за едно нешто – ги спомнаа и навивачите
Како никогаш до сега трпението на македонските ракометни навивачи попушти, па на социјалните мрежи буквално врие од објави и коментари за неуспесите на СП.
По сите написи во медиумите и на социјалните мрежи, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) пред неколку моменти се огласи на социјалните мрежи:
Ракометната репрезентација на Македонија учествува на осмо светско првенство; дванаесетто големо натпреварување во низа.
Со седум дебитанти на теренот и еден од најмладите национални тимови на мундијалот, тешко се носевме со двата противника во групата.
Поразите бо лад и навистина ни е жал што до сега не ја израдувавме бројната фаланга во Краков. Уште еднаш, огромна благодарност за нашиот осми играч!
Пред клучниот натпревар на ова првенство, против селекцијата на Аргентина, би сакале да се заблагодариме на македонските медиуми за поддршката и љубезно да замолиме да не се вадат изјавите на играчите од контекст.
Тешко е за сите, особено за оние кои се на првите бо рбени линии, а сенз ационалистички наслови и поединечни статуси на социјалните мрежи, никому нема да донесат добро.
Тимот е сложен; пулсира во духот на единството и одиме со сите сили на трета среќа: Со срце за Македонија.