Откриен главниот план: Еве што сакале да направат Србите со нападот во Косово
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, го откри целиот план што го подготвиле Србите за започнување на конфликт од големи размери на Косово.
Свечла рече дека планот на српските терористи предводени од потпретседателот на Српската листа Милан Радојичиќ и под водство на Вучиќ бил да го дестабилизираат северот на Косово. Според него, пронајденото оружје е оружје на вистинска армија за 200 регрути.
„Според министерот, терористите би се спуштиле појужно до линијата на реката Ибр и би ја спречиле косовската полиција да влезе на целиот Север. Тогаш тие би прогласиле автономија, во сценарио слично на планот на Путин за Донбас во 2014 година“.
„Се зборува за потенцијално регрутирани 200 луѓе кои би биле дел од ова сценарио. Планот беше тие да одат појужно до линијата на реката Ибр и преку напади да ја спречат косовската полиција слободно да дејствува и потоа да прогласат некаква автономија или нешто друго“, рече Свечла.
Косовскиот министер за внатрешни работи додаде дека акцијата продолжува, а косовската полиција пронашла и други камиони и булдожери со оружје.