Пекарот Љупчо од Охрид: Ќе помогнам на народот во оваа ситуација, нека дадат плати само на вработените, за мене не мора

Во повеќе градови низ државата бел леб се продава и по цена пониска од 33 денари но не и во Скопје. Пекарите остануваат на ставот нема производство и испорака.

Ситуацијата навистина ја крена цела јавност на нозе откако многумина пекари ставија до знаење дека нема да произведуваат леб повеќе.

Во една тешка состојба се наоѓа и Љупчо Настоски од Охрид кој има пекар повеќе од 30 години и вели дека вакво нешто не е видено до сега.

– Навистина е нелогично да се произведува леб по оваа цена. Директно овде и јас сум засегнат. Произведувам леб од 1 кг и 200 грама и ми беше кажано дека и тој леб треба да го продавам по 33 денари. Влегуваме во чиста загуба и поради тоа се одлучивме на овој чекор.

За прв пат се случува ваква ситуација. И не беше неработењето само во Охрид, туку е на ниво на Македонија, вели Настоски за ,,Гласот на Америкa”

– Додека не се најде разумно решение вака ќе е, бидејки ние мора да извадиме плати за вработените и барем да ги покриеме трошоците.

– Нашиот леб е специјален не е индустриски, а во одлуката беше кажано двосмислено од министерот, кој кажа дека леб бел и полубел до 450 грама и додадено над, не смее да се продава повеќе од 33 денари.

– Тие што добија субвенции од државата тие нека му ја мислат. Јас не можам тука ништо. Имав состанок со дел од пекарите од Охрид и Струга и кој зел субвенции треба да си произведува.

– Ние не зедовме субвенции, односно што субвенции да земам, кога произведувам леб на дрва и сум засегнат од поскапувањето на дрвата. Ова прашање има многу дискусии.

– Јас ќе бидам солидарен и ќе придонесам многу за народот во оваа тешка ситуација. Нека ни се дадат суровини, нека ни се дадат плати за вработените, нека нема остаток за мене никаков. Јас и на тоа би се сложил, бидејки е лошо време.

– Во чиста загуба треба да работиме, а тука никој не не подржува. Реално да зборуваме пекарството е еден од занаетите кој изуми ра. Зборуваме за производството на нашиот домашен леб.

– Не може домашен и индустриски леб да биде исти, тоа да им биде јасно и на граѓаните и на сите, бидејки нашиот леб е специфичен и требаше тие на нашиот леб да му дадат слобода на пазарна економија.

Што значи тоа. Јасен е законот. Вели дека можеш да произведуваш леб и сам да формираш цена, односно производствена цена, маржа. Кој на денешно време во ова тешко време би дозволил да работи во загуба. Немој да мислите дека и со претходната цена имавме големи добивки, како што се шират гласини.

На прашањето на ,,Глас на Америка” дали Македонија плаќа најкап леб во регионот, Љупчо вели: Во право можеби сте, но јас не се согласувам.

Не е најскап лебот. Овде има манипу лации. Леб може да продаваат од 300 грама и да го направат 25 денари, но нашиот леб кој е природен, кој не влегува во комора, стасува на собна температура и нема никакви адитиви, никакви неприродни средства, и да дојде било каков врвен стручњак за пекарство неможе да опстане.