Перо Камиказа со голема тага сподели за загубата на член од семејството: Утрата што следат никогаш нема да бидат исти без тебе
Петар Георгиевски – Камиказа, во јавноста познат како основач на рок-бендот „Меморија“, актер, атлетичар и кандидат за градоначалник се огласи на неговиот Фејсбук профил каде ожалостено напиша:
По 15 години безгранична љубов, наш Звонко отпатува во вечните ловишта.Секое утро заедно се будевме пред 5 часот наутро.Нетрпелив беше да го погалам и да му дадам да јаде, за да после дреме пред вратата да го пуштам да прошета низ влезот.
Потоа се враќаше и ми се фрлаше пред нозете да му правам таи масажа, и така до пред некој ден кога кидна да се поздрави со улицата која за него беше непознаница за овој живот.Еднаш го немаше 15 дена пред 10 години и сега три дена по втор пат.
Го избањав, го стокмив,го нахранив и му реков: И јас би играл така!Ми рипна во раце како никогаш порано и рацете ми ги стави околу вратотот.Јас тоа го сватив како благодарност, но тоа да ти било прегратка за збогум.
И да, ќерка ми Тина го донесе и таа го испрати во вечниот дом.Во повторното раѓање ти посакувам улична слобода, ако се вратиш како мачка, без разлика колку ќе ми фалиш.Имај мирен пат до вечниот дом
Ќе нема кој да ме буди сабајле пред пет и да ми го чува грбот од злите духови.Фалиш Звонко.Ќе живееш засекогаш во моето срце а утрата што следат никогаш нема да бидат исти без тебеДа најдеш спокој на твојата мила душа и уште еднаш благодарам, за сета безгранична љубов што ми ја даде во овие 15 години