Петра од струмичко: Просам од богатите по странство што се, ќе ми даде некој 100 или 500 денари, колку за леб
Дека животот не е милостив спрема сите ни покажува и приказната на 50-годишната Петра Стојанова од струмичко Сушица. Петра живее сама, осамена и без корка леб.
Оваа иако млада, сепак напатена жена се пријави во емисијата Срце на дланка каде пред јавноста ја излеа својата животна приказна со надеж дека ќе добие помош.
Петра е бол на, оди на терапии, постојано е по болници и на зрачење. Да не е тетката Билјана и една жена која и помага во перењето, некогаш и гладна би останала.
– Немам каде да одам. До скоро живеев во Барбарово, а во тоа село нема луѓе веќе. Куќата ни падна и таа жена што ме гледа ми дадеа куќа кај нив бев пет години.
Зетот на таа жена ја купи оваа куќа каде што сум сега за 4.000 евра. Бев без струја ама го замолив тој човек еве еден месец како ми ја приклучија, сега без струја ќе бев.
Не перам, вода немам. Ѕидовите се напукнати, црни, од горе може и да падне. Бол на сум од ту мор, имав опе рација во Штип, во Скопје на терапија бев и се запозанв со тетка Билјана, таа ако не ми помогнеше..
Просам, од тие богатите по странство што се, ќе ми даде некој може и 500 денари, 100 денари, колку за леб. Вода полнам од комшиите и тие ќе почнат да ми бараат да ја платам, а јас од каде ќе ја платам? Сув леб јадам, а понекогаш и така си легнувам без јадење.
Петра имала тешко детство, ги губи своите родители и оттогаш животот и станал уште полош. Сама и без куфери го менува селото во надеж дека ќе најде подобар живот.
Оваа жена и покрај тоа што успева да најде покрив над глава, се уште живее тешко со минимална помош која не и стига за лековите кои ги пие, а камоли за друго. Докторот и рекол да се храни здраво, но таа некогаш јаде само леб, а некогаш денот го минува и со ништо.
– Едвај станувам, треба пак да одам на зрачење. Немам пари, некојпат ќе запишам на продавницата, ама и многу не смеам, некој леб да земам само или паштета. Не знам ни јас како преживувам.
Немам ниту за супа, ќе видиш оти нема ништо и си легнеш. Немам родители, ни пријатели немам, никој не ми помага. Немам вода, ни купатило, каде ќе се избањам кога нема вода..
Петра има желба за нормален живот – куќата да и се реновира и да оздрави да не оди по болница, но и да има малку пари. Доколку сакате да и помогнете на Петра Стојанова тоа може да го направите на телефоскиот број Петра Стојанова 070561271 или на трансакциската сметка