Петре од прилепско моли: Некој да го вработи синот ќе ни помогне многу
Петре Трпковски родум од Брез, 1975 година се населува во прилепско Мажучиште каде живее до денес. Завршил само основно училиште бидејќи порадиа инцидент не смеел да продолжи во средно училиште. Работи од многу млад. Дури до 2001 година преку фирмата работи и во Сочи каде останува 8 години и ја запознава својата сродна половина која со него доаѓа во Македонија и создаваат семејство. Мислеле дека со слога ќе изградат убав живот.
Но, и покрај тоа што разбирање имаат, убав живот немаат зашто набрзо по доаѓањето на Петре во родиот крај останува без работа, и секое наредно вработување ќе биде негово искористување. Работел и во Каменоломот но не добивал ниту средства, а не му е платен ниту стажот-ќе рече тој. И, покрај тешките услови и скромниот дом, не дозволил четирите деца да му трпат за леб. Ќе работев напорно кај соседи, ама парче леб за нив мораше да има. Аплицирал и за социјална помош, но досега службите сметале дека тој не исполнува услови. Вади само скромни средства од тутунот со кој плаќа сметки за да не остане без струја и вода.
Прелевање на чашата овој човек доживува лани, кога од сериозна болест е оперирана неговата сопруга и таа не може повеќе ниту да му помага. И, можеби единстввен спас на ова семејство е вработување на полнолетниот син, кој очајно бара работа за да помогне на семјеството, но бидејќи завршил во специјално училиште во Скопје бидејќи не му одело образованието денес тоа е пречка за напредување и вработување. Се е подобро од сегашниот живот ќе кажат едносгласно сите, само повеќе да не стануваме и легнуваме стиснати во болка, гледајќи како децата патат и се мачат.
Петре има 55 години и е работоспособен човек кој немал среќа од 2000 година наваму да спечали и направи добар дом. Живее во родната куќа во мажучиште каде дошол кога тргнал на училиште, а во неа се враќа пред 35 години зашто цели осум години работел во Сочи каде и ја запознава сопругата Валентина. Смирени и елоквентни, разбираат се, само не како може вака да им се сврти наопаку животот. Зашто сега кога децата најмногу бараат и им треба поддршка принидени се само да им обезбедат корка леб за да не бидат гладни. По распадот на фирмата во кој работел петре тој немал среќа да најде работа, па со тоа животот им станал многу тежок.
-Многу бев мал кога со семејството дојдовме тука во село Мажучиште. Додека беа живи родителите некако беше полесно. Завршив само основно училиште зашто имав еден инцидент, сакаат да ме нападнат, па за да останам жив морав да го напуштам училиштето. Потоа се вработив во ГП Маврово и заминав во Сочи, Русија. Таму беше многу убаво, останав осум години, па дури и си земав жена од таму со која после дојдовме во Македонија, во моето родно село. Но, како минуваа годините беше се полошо и полошо. Фирмата пропадна јас останав без работа. После работев во Каменоломот, но ниту стаж ми исплаќале, ниту плата. Затоа, дојдовме до ова дереџе. Родителите починаа, а ние со децата останавме на питачки стап-вели Петре.
Легнувам и станувам со болка –ќе рече Петре. Одам работам и најтешка работа, ама не смеам да дозволам децата да ми бидат гладни. Барем поголемиот син да ми беше во работен однос, но не го примаат никаде зашто завршил во специјално училиште-ќе додаде неговата сопруга. И, покрај заложбите, ова семејство никогаш не земало социјална помош зашто е носител на куќата во која живеат, а многу би им олеснило некој денар плус. Затоа Петре оди работи кој и да го викне за да не дозволи на трпезата да нема барем леб. А, најмногу му се потребни градежни материјали за да макар сам ја поднаправи куќата која цела е со влага и недоправена зашто пари не стасале за таа намена.
-Децата веќе растат. Лани сопругата ја оперираа од тумор на тироидна. Таа не може да работи, веднаш се заморува. Јас одам кај ќе ме викнат за да извадам за леб за децата. Не смеам да дозволам да немаат макар за леб. Синот е голем, но бидејќи одеше во специјално училиште зашто не сакаше да учи, денес нема работа. А, колку ќе ни помогне макар едно вработување –ќе рече Петре. Да има барем некој да ни помогне со градежни материјали, јас сам би си ја направил куќата.Немаме ниту под ладно од сите страни. Дрва ако соберам, и само навечер го ложиме шпоретот. Штедиме за да не останеме гладни-завршува Петре вели за Срце на Дланка.
И, кога е најтешко да не ја губиме вербата во животот. Се совршено се вклопува на крајот. И доброто и лошото. И она што сме направиле, и она што сме пропуштиле. Да ја задржиме до крај храброста во себе. Одлучноста и емпатијата. И, ќе дојде живот наскоро кој мириса на среќа.
Доколку сакате да му помогнете на семејството на Петре тоа можете да го направите на неговиот телефонски број 078611536 или на неговата жиро сметка 200004009979022