Познатата наша пејачка по долги години живо во Швајцарија реши да се врати во Македонија и да инвестира тука во бизнис
Македонската дијаспора во Швајцарија е една од најголемите во Европа, но и во светот, а истата постојано се зголемува.
Швајцарија е омилена дестинација од неколку причини, пред се од финансиски аспект, но и од квалитет на живот, безбедност, чист воздух, функционални институции и слично.
Голем дел кои што ќе заминат на печалба се решаваат да останат да живеат цел живот таму, но има помал број кој откако ќе спечалат некоја пара се решаваат да се вратата.
Една од нив е фолк пејачката Тања Блажева, која пред десеттина години беше доста актуелна во земјава, учествуваше на музички фестивали и имаше редовни настапи, по неколку години живот во Швајцарија, се врати во родниот Штип.
„Изминатите години ми поминаа доста работно. Секојдневни ангажмани во познат српски клуб, многу гостувања во Белград, но и инвестирање во себе, бидејќи тоа е неминовно ако сакаме популарност кога е нашата професија во прашање.
Животот во швајцарскиот Олтен ми отвори нови видици, но и ми даде многу шанси за напредок. Сега имам две нови песни за српскиот и бугарскиот пазар, ќе се снимаат видео записи за нив. Едниот запис за баладата ќе биде снимен во Турција со познат модел, другиот во Швајцарија.
Успеав да си купам стан во Штип, и планирам да инвестирам во родното огниште, ќе отворам угостителски локал. Иако пак ќе се враќам во Швајцарија, сепак ова е мојот дом-вели Тања во изјава за Фокус.мк каде додава:
Многумина не ме препознаа во Штип, а кога им раскажувам на пријателите дека купив свој дом овде, дека ќе влегувам во угостителскиот бизнис, знаат да ми речат дека од Швајцарија се вратив полна како брод.
Ќе одговорам дека секоја работа на која човек ќе се посвети, носи успех, а секако и заработка.