Познато колку пари испратиле иселениците во Македонија само годинава – сумата значајно поголема од лани
Како што е познато македонската дијаспора ширум светот и тоа како е голема, а бројката од година во години се зголемува.
Општо познато е дека токму тие праќаат голема сума на пари во Македонија на најразлични начинини.
Па така како што објави Фактор.мк во 2022 година само во првите девет месеци влегле 1 милијарда и 476 милиони евра пари од иселениците, односно дознаки. Вака велат податоците на Народна банка.
Но, овие приходи се само преку официјални канали без да се вклучат пари во готовина или трошоци што иселениците ги прават за време на нивниот престој во земјава.
Познавачите на економските прилики велат дека оваа бројка се менува од година во година и обично до крајот на годината вредноста на овие средства достигнува и до четвртина од бруто домашниот производ.
Економистот Насир Селими ја објаснува важноста на дознаките во економијата на една земја, но подвлекува дека Северна Македонија многу малку работела на овие алатки.
Тој вели дека тие средства не се канализирани и не се искористени ефикасно и во функција на економскиот развој на државата.
„Преку овие девизни приходи се покрива трговскиот дефицит на државата, се создаваат девизни резерви, денарот се одржува стабилен, со еден збор се одржува во живот економијата на државата. Значи, од дознаки имаме еднонасочни девизни приливи во земјава“, додаде тој.
За разлика од лани, приходите на иселениците само преку официјални канали се зголемени за над 300 милиони евра.