Потресно сведоштво на мајка која го загуби бебето на пораѓај: Докторот ми ја стискаше вилицата, се закануваше дека ќе ми ја скрши главата

Младата мајка М.М претрпела, како што тврди, акушерско насилство во Општата болница, по што и починало бебето. Таа на социјалната мрежа „Фејсбук“ детално го опишала целиот свој случај и ги предупредила другите жени. Во оваа прилика се огласија и од управата на болницата од каде велат дека интерниот мониторинг е во тек и дека за се е информирано Министерството за здравство.

„Сакам да ја споделам мојата тажна вест со вас. На 11 јануари ме примија во болница бидејќи имав 7 дена поминато од терминот за породување.Следниот ден при посетата беше извршен гинеколошки преглед каде бев испратена во собата и се подготвив за породување, а во 08:30 имаше индукција за да можам да се породам“, напишала оваа мајка.

Како што додава, од кога е започната индукцијата е направен гинеколошки преглед за да се види дали може да се породи по природен пат.

„Меѓутоа, во четири и пол ми велат да почекам до 17 часот, дека докторот ќе направи царски рез. Времето минува, а докторот го нема. Тој доаѓа во 18:00 часот и решава да ме породи природно. Акушерките велат дека бебето е многу високо и дека не може да се спушти во
карлица.

Сепак ништо, чекаме, времето минува, акушерките ме прегледуваат, но ништо не се менува, бебето не може да се спушти во карлицата. Без сила ми даваат кислород за да можам да дишам. Го молам докторот да направи царски рез, ништо не прави“, напиша таа.

„Во тој момент ме навредува, ми ја стиска вилицата, се заканува дека ќе ме удри, ќе ми ја смачка главата. Ме навредува на национална основа каде што се уште барам помош од него после се. Видел дека бебето воопшто не може да се роди, ми го прекинува породувањето и почнува да ми дава анестезија и да ме сече за да може насилно да ме породи.

Почнува да скока по стомак и да ме стиска, на белите дробови се создаваат меурчиња кои се шират и ја спречуваат работата на белите дробови.Срцето престанува да работи во 23:05 часот.Бебето не покажува дека дише, помагаат лекарите, ја ставаат на апарати“, напиша таа и прикачи фотографии од бебето.

Мајката М.М. тврди дека бебето било здраво и дека инаку бременоста била редовно следена. Таа во својата објава директно го обвини лекарот од болницата во Сремска Митровица.”Ова е акушерско насилство, ми го зеде детето, моето мало ангелче кое сега лежи во гроб. Никогаш нема да зажалам. Ве молам сите, бидете внимателни”, пренесува Блиц.