По последниот податок едно нешто е познато за Македонците кои вадат бугарски пасош
Општо познато е дека голем број Македонци, пред се од источна Македонија поседуваат двојно државјанство, односно бугарски пасош.
Истиот во најголем дел го вадат за полесен пристап до работа во странство, односно државите од Европската унија.
Но последниот податок покажува дека се помалку Македонци сакаат да станат бугарски државјани во последните три години Причината за новиот тренд се новите правни спорови, а не толку билатералните односи и ветото на Бугарија во преговорите на Македонија со ЕУ, објави 24 Часа.
Истио извор наведува дека во 2019 година се отворени 10.688 досиеја за барања на Македонци за државјанство по основа на нивното бугарско потекло, покажуваат податоците на Министерството за правда за „24 Часа“. Во следните 3 години пак, тие изнесувале нешто повеќе од 8.000.
24.370 се на број Македонците кои во истиот четиригодишен период добиле државјанство. Тие се повеќе од претходно поднесените пријави, бидејќи се во постапка која е започната одамна.
Причината е големиот број на досиеја за бугарско државјанство, како и потребата од вршење дополнителни проверки од страна на МНР и МВР за веродостојноста на приложените документи со кои се потврдува бугарското потекло, прецизирало Министерството на правдата.
Лесното издавање на пасоши беше прекинато во 2021 година со промена на законот по сканд алот со Државната агенција за Бугарите во странство за чие работење реагираше ЕУ.