Пристигнаа нови вести за 33-годишниот македонски фудбалер кој се бори за живот
October 26, 2023
Македонскиот фудбалер кој има и австриски пасош, 33-годишниот Филип Димов веќе десетина дена се бори за својот живот на клиника во Виена.
Тој на натпревар помеѓу својот ВСЦ и ТВЛ Електра заработи удар во глава по кој падна во кома и со хеликоптер итно беше пренесен во болница.
Во вторникот неговиот клуб се огласи со нови моменти за кои што вели:
-Филип се разбуди денес. Тој ги отворени очи и реагира. Прва етапна победа, но само благодарение на волјата на Дими.
Со оглед на се уште критичната ситуација, уште еднаш бараме неопходна смиреност за неговото семејство, пријателите и соиграчите. Следат ажурирања. Заедно можеме да го направиме тоа – Ајде Дими