Пристигна објаснување – Турците објавија зошто го немаше македонското знаме на кореографија на навивачите на Трабзон
Како што е познато Македонија во Турција прати 160 спасители од АРМ и ДСЗ и пожарните како помош на државата по силниот зем јотрес.
Неверојатната кореографија на навивачите на Трабзон на натпреварот од Лига Европа против Базел (1:0) привлече огромно внимание.
Имено, приврзаниците на турскиот тим сликовито опишаа низ што поминала нивната земја по она што ги снајде.
Во кореографијата е претставен спасител кој вaди дете од урнатините. Заедно со знамето на Турција и симболично помали знамиња на многу земји кои испратија спасувачи во оваа земја.
Но, таму немаше македонско знаме, иако нашите спасувачи беа во Турција. Многумина се прашуваа зошто е тоа така, а еден од луѓето вклучени во креирањето на кореографијата понуди објаснување:
– Немаше намера во недостатоткот на сите знамиња. Брзавме бидејќи бевме многу ограничени со времето. Ненамерно ги заборавивме знамињата на некои земји – изјави Муахамед Јазичи.
Следуваше извинување: – Благодарни сме на сите што и помогнаа на нашата земја, не поддржаа и спасија животи. Како група испративме порака со извинување за овој ин цидент.