Пристигна одговорот: Еве зошто им се избричени главите и се во одела обвинетите за двојното убиство
December 5, 2023
Како што е познато четворицата осомничени за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои вечерва беа донесени од затворот „Шутка“ во Кривичниот суд, беа со избричени глави и облечени во исти комбинезони.
Многумина се прашуваа зошто е тоа така, а директорот на затворот, Андов за Фокус вели дека причината за тоа е дека не се толерираат фризури за вакви кривични дела.
„Не дозволувам фризури за вакви кривични дела. Редот во затворот е носење комбинизони без обележја“ рече Андов за ФОКУС.МК
Тие беа донесени во Кривичен на барање на обвинителството да им се продолжи притворот, кој што првично на сите им беше 48-часовен.