Пристигна убава вест за сите оние кои деновиве планираат да вадат нови пасошо
Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, за телевизија „Телма“ најави дека пунктовите за пасошите, како тој во полициската станица „Пролет“, се популистички мерки, кои, како што рече, се многу слабо менаџирани.
Тој најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе во пресрет на граѓаните.
„Од среда пунктот пролет го враќаме во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамки на министерството.
Што значи тоа? Тоа значи, наместо популистички методи, јако најавувани, коишто катастрофално се менаџирани, со четворица луѓе кои фотографираат на 10 базни станици, од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, кои доброволно се ангажираа да ѝ помогнат на Македонија, и од срце им благодарам за тоа, и ќе бидат соодветно во рамки на законот наградени за тоа, достоинствено, а не како досега праќани под казна.
Од понеделник, овој што иде, воведуваме и втора смена, каде што уште 14 доброволци од МВР ќе бидат ангажирани дополнително. Тоа значи дека капацитет од четири базни станици кои фотографираат и обезбедуваат понатаму издавање на лични документи, ние ќе го зголемиме фактички на 28 во еден ден“, рече Тошковски.