Продолжува голготата на самохраниот дедо Слободан од Скопје: Вчера петтгодишната внука Ана ја оставив сама да седи дома на милост и немилост
Уште едно утро поминато низ лавиринтите на институциите. Слободан Маџовски во трка со времето, внуката ја оставил дома за да стигне во министерството за здравство бидејќи по сторијата на ТВ 24 од градинката која ја посетувала малата внука Ана на Маџовски му рекле да се обрати до министерот за здравство.
Утрово заедно со Маџовски новинарската екипа беше во Министерството за здравство, по триесеттина минути Маџовски излезе од министерството, му побарале да напише молба до министерот Илир Демири и до Рената Младеновска, директорката на Дражвниот санитарен и здравствен инспекторат да одлучат дали неговата внука ќе може да посетува градинка за тој да продолжи со работа.
„Еве утрово дојдов во Министерството за здравство. Ми се јави директорката од градинка и ми рече да одам во Министерството за здравство да побарам изземање на мојот случај, да ми помогнат за да може да се врати Ана во градинка, бидејќи има примено две дози, третата доза ни е закажана за 15.04.2024 да ја примиме.
Јас не сум антиваксер, меѓутоа во моментов, вчера Ана седеше сама дома, петтгодишно дете го оставив само да седи дома на милост и немилост. Па затоа го замолувам министерството да ми излезе во пресрет за да ми се врати детето во градинка а јас да продолжам со работа.“ – вели Слободан Маџовски ТВ 24
Додека разговаравме пред Министерството за здравство, Маџовски сеобидуваше да биде приземен додека во рацете држеше двете молби едната до министерот Илир Демири, другата до директорката Младеновска. Со Маџовски се разделивме, секој по своите обврски.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 24.