Пронајден починат маж во Кочани со видливи повреди на телото: Телото предадено на обдукција

Министерството за внатрешни работи информираше за уште еден немил настана кој се случил, а за кој се вели:

-Вчера во 14.10 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат Ч.М.(90) од Кочани.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со видливи повреди на телото.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кочани, а по наредна на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.