Протече инфо: Познато со колку илјадници евра си замина Карлеуша викендов од Македонија

Српската пејачка Јелена Карлеуша важи за една од најбараните, воедно и најскапи пејачки во регионот, па така и во нашата држава.

Популарната Јеца е чест гости во Македонија, како на отворено, на плоштади, така и по локали што беше случај и викендов.

Имено Карлеуша гостуваше викендов во еден локал во главниот град на нашата држава, Скопје.

По повод ова се огалси познатиот македонски водител и јутјубер Стефан Лазаров кој напиша:

Јелена Карлеуша за овој настап е платена вртоглави 18.000 евра. Толку пари македонски музичар не успева да заработи во текот на целата година ( секоја чест за исклучоци).

Нека стои видеово како потсетник за сите газди, менаџери или луѓе кои ја плаќаат Карлеуша дека постои македонска музика и македонски пејачи и пејачка кои имаат талент и заслужуваат поддршка.