Ребека се огласи од Владата: Сакам да кажам дека на терен не е ништо онака како што се мисли дека е од “горе”
Ребека Јанковска-Ристески е позната македонска пејачка. Љубовта кон музиката ја има почувствувано многу рано, благодарение на нејзиниот татко Благоја.
Ребека е омажена со докторот Мики Јанковски со кого имаат три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година.
Од нејзиниот прв хит „Обиди се“, до последниот албум „Мириса на сон“, Ребека Јанковска-Ристески вели дека многу се променила и поинаку гледа на животните вредности.
Најзаслужен за тоа е нејзиниот најстар син Маркијан , кој неа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, ги научил дека љубовта кон своето дете може и планини да помести.
Ребека во некокку наврати има зборувано за бо леста на нејзиниот син Маркијан, и отсекогаш се бо рела нејзиното, и сите останати деца со потешкотии, да имаат подостоинствен живот со сите права кои ги уживаат останатите граѓани.
Пред некој ден се обележа денот на лицата со попре ченост, па Ребека се огласи на нејзиниот профил од Влада од каде што јасно го изрази својот став во врска со ова прашање и плановите за во иднина.
Во влада сум присутна. Говори исполнети со лице мерие, популизам, незнаење од страна на владини претставници…
Учеството во работилниците за креирање на национална стратегија за лицата со попреченост (2023-2030) год.беше моја заложба, како и секогаш, за повеќе права и подостоинствен живот на лицата со попречен ост.
Но, мора да ви кажам дека впечатокот ми е дека далеку сме од пристапен и правичен свет за сите. Далеку сме од конструктивност, системски, аналитичен пристап кон проблемите кои постојат во секојдневниот живот на овие лица!
Треба да се направи сериозна ревизија на сите сегменти од законски регулативи, правилници, сервиси, нега, едукација, пристапност, образование и вработување.
На хартија се можете да напишете, но реалните состојби се поинакви. Дај Боже да грешам. Документот кој што ќе произлезе,акциониот план треба сите да го почитуваме и да биде водич за сите нас.
Дали!? П.С. Сакам да кажам дека на терен не е ништо онака како што се мисли дека е од “горе”, објави Ребека.