Ретки се девојките како неа – млада и убава, а чува овци: Не се срамам што носам опинци
Аземина Прокосак и нејзиниот татко Хасан од Купрес привлекоа големо внимание во јавноста, а причината е искреноста на ова девојче кое им помага на родителите околу овците. Првото видео во кое се појавија Аземина и нејзиниот татко го погледнаа повеќе од милион луѓе.
Таа предизвика позитивни реакции бидејќи е редок случај да видиме млада и убава девојка во опинци, без да се срами од тоа, вели Јутјуб каналот „Средња Босна Данас“.
Аземина вели дека би се срамела доколку градот зборува за неа дека е ваква или онаква. Аземина годинава влезе во полициската академија. Вели дека би останала во Купрес кога ќе ја заврши академијата.Нејзиниот татко вели дека посакува сите да имаат деца како неговите.
– Ги исполнив сите мои желби, но фала богу вака работат. Таа ни помага цело време. Ако оди на академија, ќе ни помогне кога ќе има време. Презадоволен сум од моите деца, на сите би им посакал такви деца. Целото семејство е вклучено во овој бизнис – изјави Хасан за каналот Јутјуб „Средња Босна Данас“.
– Од што да се срамам, чесна работа? Немам од што да се срамам. Не се срамам што носам опинци, се срамев што градот зборува за мене „вака, онака“ – вели Аземина, а на прашањето што мисли за животот на младите кои поголемиот дел од времето го поминуваат во ноќни клубови, Аземина не сака да коментира.
– Луѓето си го живеат животот, немам што повеќе да кажам. Би сакала да има вакви луѓе, повеќе да се занимаваат со земјоделство – вели Аземина.