Свето од Пробишти: Со синот Далибор 30 години бел ден не видовме, немаме ни за леб
Свето Спасовски порано бил весел човек и младоста ја поминал забавувајќи ги луѓето со своите музички инструменти. Но, животот подоцна откако ќе се ожени во родниот Пробиштип и ќе му подари син, ќе му покаже дека не е само музика. На седумгодишна возраст додека неговитот син Далибор вози точаче паѓа и дознаваат дека боледува од епилепсија. Од тој период како што кажува овој човек заминува и неговата сопруга и повеќе не го гледа својот син.
Цели 30 години оттогаш тој сам се бори и грижи за своет дете. Само ќе рече, да беше здрав се ќе беше поинаку. Веќе нема ни другари, ни пријатели, сите поради состојбата го избегнуваат. Тој не е еспсообен да работи ззашто многу често паѓа и се повредува. Многу ми е тешко за него и не можам да го оставам сам дома да не му се случи нешто. Се би дал и до крајот на светото би го однел да знам дека ќе оздрави. Ова семејство живее со минимални средства од нега кои ги зема за Далибор. Одбиен е неколку пати за социјална помош. Имало и денови кога немал за леб. Условите во куќата се лоши, немаат ниту тоалет па, за таа потреба одат кај соседите. Затоа замолуваат да им помогнат сега кога им е најтешко а да можат макар малку да ја подигнат главата и да живеат полесно.
Свето живеел полесно кога бил млад и заработувал од музиката. Господ ми даде златни раце и многу таленти, но не ми даде среќа да имам здраво потомство – ќе каже тој веднаш штом го прашате како е. Иако се оженил и го добил синот Далибор, сепак на седум годишна возраст неговата мајка го оставила, а момчето возејќи точаче паѓа на земјата и оттогаш започнува неговата борба со епилепсијата. „Цели 30 години каде не го однесов за да го излечам, но неговата состојба е се полоша„.Сега и порано Далибор седи само дома, зашто каде и да оди паѓа и се повредува. Затоа веќе нема ниту другари, ниту пријатели, а како што ќе каже и самиот тој ниту волја за живот.
-Поубаво се живееше порано. Бев млад и заработував од музиката. Потоа се оженив, Југославија се распадна и се се смени. 1984 година го добив синот Далибор, но токму кога мајката го напушти тој возејќи точак на седум годишна возраст, падна и на доктор му кажаа дека има епилепсија. Од тој ден еве триесет цели години, тој, а и јас бел ден не видовме. Тој често паѓа, надвор, дом, на улица, во тоалет. Поради тоа и ми е страв да го пуштам некаде и веќе нема ни пријатели. Кај не отидов и по лекари и надрилекари, ама ништо не му помогна. За него би отишол до крајот на светот да знам дека ќе се излечи- ќе рече овој загрижен татко.
Кога човек ќе рече дека ниту на душман не му посакува ваков живот, значи дека навистина живее тешко и е под стрес. Свето тоа постојано го повторува и кажува дека нема ниту денар приход, често гладуваат со синот. Понекогаш јадат само леб и кромид, или чорба стара по неколку денови. Навечер дури не може да спие и често плаче. Во моментов не е способен ниту тој да работи зашто треба да оди на операција за кичмата и не смее да го остави Далибор сам за да не падне, а најнечовечно и срамно е што нема ниту бања и тоалет, па за тие потреби мора да оди во оние на соседите. Сепак, како и секој родител така и тој ќе рече: Хуманоста и убавиот збор, железни врати можат да отворат„. Кој сака и знае лек за мојот син нека ми помогне. Зашто за него за негов спас би отишол и до крајот на светот-ќе заврши Свето.
Тој ќе додаде и дека условите во куќата се лоши. Живеат само со средствата од нега на Далибор, а за социјална помош иако неколку пати поднесувал сепак е одбиван.
-Кој веке е сега да одиш да се бањаш и во тоалет кај комшиите. Ама мора, немаме друго чаре. Немаме ни за леб. Една чорба ја јадеме со денови. Некогаш и само леб и кромид, ама ајде никој не умрел од глад, макар тоалет некој да ми помогне да направам –низ солзи ќе посака Свето за Срце на Дланка.
Многумина додека не ги гледаме ќе ни ги пресечат крилјата. А потоа ќе ни се прават пријатели и дека се на наша страна. Тоа се луѓе кои сега ги гледаме, а следниот миг исчезнуваат. Такви се многу, кои сакаат да ги уништат и нашите соништа, само зашто не успеале да ги остварат своите. Но, само еден ја одредува целта и го кажува крајот. Затоа, да ги затвориме очите и ушите пред такви луѓе и да веруваме во себе секогаш. И кога сме на дното и кога сме на врвот.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Свето тоа можете да го направите на неговиот личен телефонски број 078521624 и на нивната трансакциска сметка 200002581970436