Сека Алексиќ: Од леб и грав нема ништо поубаво, а кога ќе има и кромид доаѓа до совршенство
Балканската дива Сека Алексиќ, веќе долго време е на естрадата и важи за една од најпознатите турбо фолк изведувачки на овие простори.
Нејзините хитови се пејат и ден денес, а каде и да се појави таа ги остава во сенка останатите, привлекувајќи со својот изглед.
Таа често ги полни клубовите а покрај настапите на балканот таа е и доста барана во западните земји како што се Германија и Швајцарија.
Таа исто така е актуелна и на социјалните мрежи, поточно на Тик Ток каде често објавува видеа, а сега преку видео откри кое и е омилено јадење.
Пејачката Сека Алексиќ наполни една чинија со грав, седна да јаде и откри што најмногу сака кога е храната во прашање.
Таа коменитраше и даде збор два за ресторантите, за таканаречените скапи јадења, како суши и некој деликатески и направи разлика.
– Кога ќе почнат да ми се фалат со скапи ресторани, морски плодови и не знам уште што уште не навистина претеруваат во тоа.
– Ми се га ди од ресторани и суши и се останато. Грав! Цел живот јадам грав и нема ништо поубаво од леб и грав, категорично вели таа.
Знаеш што друго сакам? Со тоа да има кромид, па лута пиперка, ајвар, совршенство – рече Сека Алексиќ, не криејќи го ентузијазмот за вкусната храна.
Инаку, Сека на социјланите режите покажува „обичен“ живот, па не се двоуми да зборува колку е тешко кога е на диета, но не и е проблем да јаде леб и ајвар среде аеродром.