Семејството од кратовско го возвраќа ударот: Баце Аце ни бараше пари, сакаше да ни ги украде парите
Семејството Николовски од село Секулица, Кратово има своја вистина и тврдење за случувањата додека се спроведувала хуманитарната акција.
За потсетување пред некој ден Александар Георгиевски или Бате Аце од Штип објави дека ја прекинува хуманата акција поради омаловажување од семејството, но и поради тоа што увидел какви луѓе се.
Вечерва свое јавување во Шоуто на Богдан Илиевски” на Алфа ТВ имаше семејството.
-Тој ми се јави, ми се закнуваше, ме пцуваше, ме нарекуваше цигани. Не е вистина дека сум ги пцувал мајсторите. Ако не сум јас трчал, кој ги израснал децата, само јас знам што сум поминал.
Секоја вечер ми бараше пари за мајсторите и за нафта. Ми бараше да ме води во банка да ги извадиме парите. Реков дека не се на моја сметка туку на жената. Рече јас ќе ја водам и ќе ја доведам. Тој сакаше да ми ги земе парите, да ги украде парите кои ги имам во подрум.
Целото сведоштво може да го погледнете тука.