Се огласи сопругот на починатата 32-годишна жена од тетовско: Имам син 5 години, сакам да знам што се случи
Македонија одново ја потресе трагедија откако 32-годишна жена од тетовско, почина на скопските клиники по влошување на состојбата по операција за вадење камен во бубрег, нејзиниот сопруг бара да ја дознае вистината – зошто завршила со смртен исход.
Телма ТВ имаше телефонско интервју со сопругот на починатат кој објаснува дека по направените првични анализи и лекарските совети, на 19 јуни на Клиниката за Урологија ѝ била направена првата интервенција, а поради крварење била вратена во операциона сала, при што и бил отстранет бубрегот, по што била префрлена на КАРИЛ, каде починала околу 1 часот по полноќ.
-Сакам да знам што се случи, затоа што правеше анализи и немаше друг проблем. Ја зедоа во сала во 12, додека чекав да ја пренесат во соба, ми кажаа дека имала крварење и дека треба повторно да интервенираат, при што морало да и го извадат бубрегот.
Била префрлена на КАРИЛ. Третпат интервирал и абдомнинален хирург. Ми беше јавено дека сопругата почината, изјави сопругот А.З.
Сопругот вели дека ако треба ќе оди и преку правен пат, затоа што сака да ја знае вистината зошто толку се влошила сосојбата и починала.
-Може се случило каменот да го оштетил бубрего, го извадија бубрегот, ни луѓе живеат и со еден бубрег или одат на дијазлиза. Што ли се случи? Таа немаше друго заболување. Имам син 5 години, со него се породи нормално“, рече тој.
Резултатите од обдукцијата сопругот се ги уште чека. Добил отпусни писма од двете клиники, во кои е напишано дека по операцијата состојбата и се влошила со пад на притисокот и крварење, по што биле дадени крвни деривати, а поради понатамошно влошување била внесена во сала и бил изваден бубрегот, а потоа била префрлена на КАРИЛ каде и покрај сите преземени мерки настапила смрт.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Телма.