Се чини им се најде траг – еве каде завршуваат Непалците кои бегаат од македонските газди
Полициските извештаи се преполни со пријави за исчезнати лица од Непал.Пред некој ден има ваква пријава за исчезнати 6 Непалци кои работеле во Свети Николе и Пехчево.
– На 16.07.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Свети Николе, В.М.(34) од Свети Николе, управител на приватна фирма од Свети Николе пријавил дека петмина негови вработени – лица од Непал, со привремен престој во Свети Николе, на возраст од 27 до 38 години, го напуштиле местото каде што престојувале, соопшти МВР.
Претходно пак имаше пријави за 10 исчезнати лица: Полицијата трага по десет Непалци, избегале од работните места во Скопје и Тетово
Нешто подоцна истиот ден во 12.10 часот во ОВР Берово, Д.В.(44) од Берово, раководител на правен субјект од Пехчево, пријавил дека нивен 38-годишен вработен од Непал, со привремен престој во Пехчево, се оддалечил од местото каде што престојувал.
На 15.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Л.Х.(41) од Скопје, претставник на правно лице, пријавил дека од местото каде престојувал се оддалечил О.Б.(34) од Непал.
Како што истакнуваат Непалци кои се уште работат во Македонија, тие велат дека нивните сограѓани најверојатно емигрираат во Грција по подобри услови и подобра плата.
Но велат дека многумина од нив кога ќе пристигна таму и кога ќе започнат да работат на црно се покајуваат за направеното.