Спасе временска прогноза: Инфлуенсерките пак забегале – не сакаат да берат домати и марули

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар. Спасе Рола Јовановски е еден од презентерите на временската прогноза.

Секојдневно е активен на социјалните мрежи каде неретко знаед и да распали со некој статус без влакна на јазикот, па така и овојпат напиша:

Овие интернет продавачкиве (читај инфлуенсерки) пак забегале! Па така фино, пошо сеа преку лето речиси никој не ги ангажира, а не сакаат да берат домати и марули…

Измислуваат совети за коса, за кожа, за лице, за слабеење, за подобар сон, измислуваат напитоци против целулит, креми за сончање и што ли уште не…

Се прашувам, дали некој што е ЧИТАВ у глаата ги слуша и ги консумира нивните глупоштини. Не за џабе постои ДЕРМАТОЛОГ кој се убил од учење ГОДИНИ и има заслужена диплома така!?

Постои НУТРИЦИОНИСТ, ПЕДИЈАТАР, ПСИХИЈАТАР, ГИНЕКОЛОГ… ова се драги мои интернет продавачки ПРОФЕСИИ!

Професиии за кој луѓето учеле и добиле ДИПЛОМИ! Нешто многу поголемо од лајкови и прегледи за кои вие, секојдневно и неуспешно се борите.

a