Спасе временска прогноза: 1963 нека се повтори на Скопје, ама не 6.1, едно добри 9.8
Спасе Јовановски, или како што многумина го знаат Спасе „Рола до бола“, е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“.
Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска кој воедно е нејзин најдобар другар со кој Лила се дружи уште од многу одамна.
Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи.
За себе често знае да искоментира дека е ѕвезда, а во една прилика упати порака: „До професорот у средно што рече дека од мене НИШТО НЕМА ДА БИДЕ и што ме остаи на полагање у сред АВГУСТ…Па професоре, ЦВРЦ, мало сте се зезнули. Види у каква ЅВЕЗДЕТИНА се претворив!“
Спасе е секојдневно активен на социјалните мрежи каде без влакна на јазикот го искажува своето мислење, па така и овојпат згрме и напиша:
Пијанманова за едно нешто беше у право! Скопје е преполно со бурек фаци! Кај искачате бре, какви се овие сториња, какви се овие модни комбинации лудачки кармини ко Џокери у устите!
За ова што на Скопје му го правите, да бев крал… само гило тина! Што пиете, што јадете, што играте ко неотесани!
Еј Скопје мое! И дојденци што не знаат кај е „Рекорд“, се осу дија да изјават дека корените не ни се од тука.
1963 нека се повтори, ама не 6.1, едно добри 9.8, 10 секунди убаи!, напиша водителот Спасе Јовановски на неговиот Инстаграм профил.