Стојанче Ангелов проговори за денешната драма: Кажа каква е здравствената состојба на пожарникарот
Денеска околу 12.30 часот, по добиено известување од Центарот за управување со кризи дека е исчезнат пожарникар ангажиран во гасење на пожар во село Селце, општина Штип, хеликоптер Бел 412 од хеликоптерската единица за полициски намени при Одделот за воздухопловни единици и алпинистички тим од САЕ Тигар полета и се вклучи во потрага по исчезнатиот пожарникар.
Во 13:30 часот лицето е лоцирано на непристапен терен, по што е изведена крајно сложена акција, при што е спуштена алпинистичка екипа на САЕ Тигар со витло и лицето е безбедно пренесено на безбедна локација .
„ЦУК веднаш побара дополнителни сили на терен и од страна на командирот на полициската станица во Штип беа испратени два тима од посебна единица кои почнаа со потрага.
Истовремено почна да се подготвува еден полициски хеликоптер, а и одреден број ловџии се вклучија во потрагата по исчезнатиот пожарникар“, вели Ангелов.
Неколку часа подоцна, како што вели Ангелов, полицискиот хеликоптер забележал лице кое седи на земја, живо, но не во најдобра здравствена состојба.
„Откако од останатите пожарникари беше препознаено дека тоа лице е исчезнатиот пожарникар, хеликоптерската едицица се вклучи во извлекувањето. Еден од специјалците беше спуштен до пожарникарот, но поради силниот ветер тој не можеше да биде закачен и извлечен со сајла. Специјалецот остана со него, а хеликоптерот се повлече“, додаде Ангелов и додава:
„Лицето не беше во најдобра здравствена состојба и истото е пренесено во болница