Страшно сведоштво на Ибраим од штипско: Со бабичката седевме надвор пред куќа и го гледавме огнот

Планината гореше, огнот се поблиску до селото, беше многу страшно – Фидаи Ибраим од село Селце сведочи за вчерашната ноќ. Вели заедно со неговата сопруга биле сведоци на страшниот пожар кој беснее на Серта.

Ситуацијата повеќе од алармантна, а чадот вчеравечер се чувствуваше и во Штип. Белите дробови заминуваат во неповрат, а жителите стравуваат за својата безбедност. Дополнително на екстремно високи температури мораа да седат со затворени прозорци и врати.

„Ноќта синоќа со бабичката надвор си бевме, цело време го гледавме огнот. Толку сме исплашени, многу страшно беше. Цело село, па и Драгоево до Штип се беше во магла и чад, имаше и саги, очи ни се наполнија. Потоа кога заврна малку се стиши.“ – вели Ибраим за Мнет Тв.

Заради пожарот од штипска страна на Серта, и чадот кој се чувствуваше и во Штип, вчеравечер се одржа кризен штаб во просториите на општината.

Градоначалникот заеднички со надлежните институции, одлучуваа за побрзо гасење на пожарот кој неколку дена гори на Серта.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на МНЕТ ТВ.