Татко му на Јокиќ: Се сеќавам, ми звони наставничката на Никол и ми вели вашето дете смрди – а јас на тоа и кажав само едно нешто
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ стана херој, откако го поведе Денвер Нагетс до првата историска титула во НБА лигата. Иако не беше МВП на регуларниот дел на сезоната, центарот на тимот од Колорадо ги собра симпатиите на навивачите.
Јокиќ откако имаше парада во Денвер ги пакува куферите и се враќа во родната татковина, поточно родното место Сомбор и кај своите коњи.
За српските медиуми додека го чека својот син, говореше неговиот татко кој откри интересен момент од неговото детство.
“Тој од мали нозе одеше со мене и така го засака овој спорт (мисли на коњите). Се случуваше пред да иде во школо, пред 8 часот доаѓа во шталата ќе је исчисти, ќе му помогне на нашиот сегашен возач кој ги вози коњите. Па потоа ќе оди во училиште.
Потоа наставничката ќе ми звони на мене и ќе ми каже. Вашето дете смрди, дали тој се бања. А јас на тоа и велев, па тој оди во штала.“, вели Бранислав Јокиќ, таткото на кошаркарот за српските медиуми.