Тони од Кратово со молба да ги пронајде своите тетки Лила и Лилјана: До ден денес немам никаква трага
Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи се појави објава на фејсбук од Тони Пуо во која што се вели:
Добар ден добри луѓе. Пред многу години на 25ти 5ти 1955тагодина во Кратово во нашата фамилија се имат родено две близначинња.
Лила и Лилјана и бидејќи баба ми има починато после пораѓајот и дедо ми не е бил во можнос да ги чува бидејќи има и други дечинња и се чувани во Кратово и демек ги носат во дом за деца без родители во Битола
И од тогаш до денес немаме никаква трага од моите тетки па ве молам ако некој има некоја информација од нив да ме контактира во прилог ги имам нивните изводи на родени.
Воедно сакам и да им го честитам нивниот роденден и на сите Лила и Лилјана родени на денешен ден 25ти 5ти 1955та година можеби некоја ќе се познае по датата на раѓање.