Тони од Охрид преживува буквално: Сакам да бидам среќен, да имам куќа и жена, ве молам да ми помогне некој
Тони Крстевски живее во охридско Велгошти и има 40 години. И двата родители му биле лица со посебни потреби, но, и покрај се, доколку многу мал не ја изгубел мајка и можеби неговиот живот ќе имал друг тек.
Куќата на нешто личеше додека беше жива мајка ми. Многу бев мал кога таа ум ре. Сиромашен беше татко ми ќе каже Тони и често бев гладен.
Да не беа баба и дедо досега не ќе бев жив. За жал и тие ме напуштија па, се што направив во животот е завршено основно образование и вработување од кое има стаж од 20 години.
Тони додава деке сега неговиот покоен татко за жал л ошо се однесувал кон него, па четири години бил принуден да живее под кирија и минималната плата од 9000 денари да ја дава за сметки и сместување.
Денес, не е во сотојба да плаќа повеќе, па затоа седи во полураспаната куќа во која само животно може да опстане. Куќата поради долг нема струја долги години.
Се топли повремено кај соседите, кај нив и се храни. Облека зема од социјалните служби и хуманите луѓе. Па, затоа за да почувствува топлина и да биде еднаш во животот среќен бара било каков покрив над главата и основни улови за живот.
„Немам ни струја ни шпорет, бев да се стоплам кај комшии, така го поминува денот бидејки немам ништо дома и си заминав. Татко ми и братми ме малт ретира. Се иселив и под кирија заминав“, вели Тони за „Срце на дланка“.
Тони од мал останува сираче без мајка, па веројатно тоа е причината за неговиот лош живот. Татко му кој поч инал пред 4 години додава тој не се грижел за него, па да не биле неговите баба и дедо тој досега немало да биде жив. Затоа завршил само основно образование и веднаш се вработил за да заработува за живот.
„Ме израснаа со донации, ме облекуваа, за јадење, ми помагаше друштвото. Одев на село кај баба и дедо, тие ме догледаа. Сега сум сам на себе препуштен, се снаоѓам, по комшии. Јас завршви осмо делени и толку беше. Јас сакав, но немав услови да продолжам. Дури учев од школото ми помагаа, храна, облека, обувки и други донации“.
Откако се вработил, а неможејќи да го издржи малт ретирањет од најблиските ќе каже Тони бил принуден да отиде под кирија, па целата заработка во месецот ја давал на сметки и сместување.
За тоа време во родната куќа направен е долг за струја од над 1500 евра, па денес тој е принуден да живее на ладно и во зима. Единствен сосед кој му помага е Бранко додава Тони, кој денес да не е тој ова момче би било и прегладнето и премрзнато.
„Работам, еве дваесет години направив стаж сега на работа, но малку пари се тоа и тие што го имав ми ги земаа. Четири години бев под кирија, тато и бато ме кра деа, ме те паа, ми ги земаа работите и морав да си заминам. А им велев ќе ви помогнам, што можам, ама немаа разбирање.“
Ова момче има многу преживеано и дупло пропатено. Можеби и поинаку би изгледало и повеќе би се смеело да имаше малку понормален живот.
Барам храна, ако некој ми даде добро, ако не ќе се свиткам и ќе си ќутам. Земам 9.000 – 10.000 денари плата.
И, иако има саамо 40 години се чувствува многу постаро. Така и изгледа. И, додека душата му плачи еден ден од неа и ги замолува добрите луѓе: Да му помогнат да најде некаква куќарка за да може мирно да живее и да започне нов живот.
Желба ми е да најдам некоја куќа, да ми излезе некоја прилика. Сакам да бидам среќен, да се оженам. Но дури станбеното прашање не се реши, не се нафаќа никој.
Доколку сакате да му помогнете на Тони од Велгошти тоа може да го направите на телефонскиот број 070299704 или пак на сметката:
Целата емисија „Срце на дланка“ може да ја проследите во тука.