Трагедија: Загина човек во пaланаченко од пожар на отворено
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Ранковце пронашле настрадано повозрасно лице при гаснењето на пожар на отворено сношти при интервенција од 20.30 до 00.10 часот во атарот на селото Псача. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.
На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.
Настраданото повозрасно лице го изгубило животот, најверојатно, заради задушѕвање од чад. Подетални информации ќе има откако ќе се заокружи истрагата“, велат од ЦУК.
Од ЦУК велат дека во последното деноноќие во земјава имало над десетина пожари на отворено од коишто три уште се водат активни и тоа над селото Лешница (Општина Желино), пожарот на планината Жеден и шумски пожар во атарот на селото. Јамиште (Општина Пробиштип).
На други места горела сува трева, грмушки, но и шума, а пожарникарите имале работа и со гаснење на запалени контејнери на повеќе места низ Макеоднија.