Трифун Костовски за првпат откри колку милиони евра вложил во спортот во Македонија
Трифун Костовски е еден од најпознатите македонски стопанственика, дарител и поранешен градоначалник на Град Скопје.
Тој е оранешниот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Трифун Костовски, на својот Фејсбук профил, објави колку пари вложил во спортот за 15 години.
Покрај во ракометниот клуб Ѓорче Петров, Костовски вложуваше и во други спортски колективи. Тоа беше машкиот ракометен клуб Пелистер, кога со додавката овој клуб стана шампион на Македонија во 2005 година.
Костовски беше спонзор и на фудбалскиот клуб Работнички, беше дел и од Вардар, а исто така и во женскиот одбојкарски клуб Кометал Студент, кој исто така настапуваше во европските купови.
Најдолго време беше спонзор на женскиот ракометен клуб, со кој покрај многуте домашни трофеи, се искачи и на европскиот трон во 2002 година.
Во периодот од 1993 година, кога неговата компанија Кометал, влезе во ракометниот клуб Ѓорче Петров, до 2008 година, Костовски вложил повеќе од 25.000.000 евра.
„Спортот буди детски емоции кај возрасните и не потсетува како се сака татковината. Трифун Костовски до сега има вложено 25 милиони евра во македонскиот спорт“, напиша на својот фејсбук профил.