Трифчо од кочанско цели 13 години не може да докаже дека е газда на своите ниви иако има документи
Цели 13 години, Трифчо Крстев од сeло Полаки – Кочанско, со тапии не може да докаже дека е сопственик на своите ниви.
Проблемите му почанле по физичката делба на имотот со брат му кај кого, кочанскиот катастар констатирал дека е се во ред, но не и со делот на Трифчо.
„Од 2009 година беа 20 декари и 5 ара, а сега 14 декара и 3 ара. По нивната си некоја шифра таму не ги давало во тај атар таа декаража, ги давало на друго место.
Јас и велам нема проблем, кажете ми каде се, на пример во Кароарорам, каде и да било. Кажете ми, а ти вика не може да ги најдее. Што е најтажно, гумното, плевната, кои се на 50 метри од куќата не се запишани, вели Трифчо за Тв Стар.
Поради ова, на Трифчо му трпи и работата, зашто споменатите парцели , иако негови, не може да ги користи.
„Сакав да посејам лешнаци на 3 декари, но не можам зошто фактички не ги поседувам затоа што немам документ, немам имотен лист“.
Настојувајќи да докаже дека во прашање не е законот, Трифчо стигнал и до Управниот суд каде дури 4 пати во негова полза постапката ја враќале нанзад.
Оттука и неговото убедување дека одговорната во Кочанскиот катастар, работи самоволно.
„Причината е само инатот на правничката таму, не е друго ништо. 40 минути стојам пред вратата, а таа ме игнорира едноставно. Таа ми вели неписмени си, ваковв си, таков си“, вели овој човек.
Без оглед на сите 13 години затворање и отворање врати, Крстев нема намера од нивите да се откаже. Доколку случајот не го реши во најскоро време, тој како опција сериозно го најавува и Судот во Стразбур.