Турунџиева се прости од своја блиска личност: Горда сум што бев твоја сестра
Сузана Турунџиева важи за една од најпознатите македонски поп-пејачки, писателки и телевизиски водителки.
Сузана Турунџиева е родена во Битола, на 9 март 1969, како второ дете во семејство на просветни работници. Уште од шест годишна возраст го изучува пијаното, а на дванаесет години сама, без знаење на своите родители, со своите заштедени пари си купува гитара, на која сама почнува да учи да свири.
Таа е позната по својата харизма и добрина, а во последно време е доста активна и на социјалните мрежи каде секојдневно објавува по нешто.
Живот многу не ја мазеше Сузе, па таа загуби неколку сакани и блиски личности, меѓу кои нејзинито сопруг Маријан и брат и Панде.
Во далечната 2001 година братот на Сузана Туринџиева беше пронајден упо коен на 15 километри од својот дом меѓу градовите Кембрич и Кичинер во Канада. По исчезнатиот триесет и осумгодишен Панде Турунџиев канадската полиција безуспешно трагала речиси два месеца.
Турунџиева редовно споделува фотографии од својот живот и настаните на својот инстаграм-профил, особено дружбите со пријатели, со нејзината омилена Атиџе, но и со нејзиното семејство кое го сочинуваат двете ќеркички, Лора и Матеа.
Овојпат Сузе повторно сподели немил настан кој го зафати нејзиното семејство со загубата на уште една многу блиска личност.
Само добриот човек може да стане бесмртен… не чесниот, фру стрираниот, алч ниот, зав идливиот и рамнодушниот – никогаш!
4то утро си отсутна меѓу нас Данче, а поприсутна си од било кога. Можеби некогаш ќе соберам сили да ти напишам, да те опишам и да те отпеам во некоја песна убавинке моја…
Ти благодарам што со нас ги сподели последните години од твојот млад живот, што ни го разубавуваше постоењето во ова стресно и сур ово секојдневие и твојата добрина и големина вечно ќе живеат во нашите спомени…
Горда сум што бев твоја братучетка, сестра и братче како што си се нарекувавме. Бидете добри луѓе бидејќи само добрината може да ви загарантира виза за бесм ртност… Се друго е ветар и магла…