Фарук на државата и должи 140.000 евра: Јас возам, тие ме пишуваат
Секој што во одреден дел од својот живот земал возачка дозвола треба да биде свесен за одговорноста, но и за каз ните кои би морал да ги плати доколку направи некаков прек ршок.
Фарук Јазвин од Сараево постави рекорд по бројот на неплатени каз ни за сообраќајни прек ршоци, па сега на државата и должи неверојатни 280.000 марки или 143.000 евра. Тој е апсолутен рекордер по неплатени сообраќајни ка зни во Босна и Херцеговина.
Поради ова неговото име често е во фокусот на јавноста, на насловните страници на портали, весници… Долгот од година во година расте, а објасни зошто е тоа така.
Фарук вели дека лицето му е чисто и открива дека се започнало пред 24 години кога научил да вози автомобил, но никогаш не добил возачка дозвола.
„Се започна во 1998 година, кога почнав да возам. И денес возам, ги учам тестовите и одам на медицински тест и не можам да поминам поради мојата мускулна дистр офија.
Не успеав да го добијам тој документ кој би сакал да го имам за возачка дозвола“, изјави Фарук. Како што додава, нема други прек ршоци, освен што нема возачка дозвола и вози нерегистриран автомобил, кој му треба.
„Мојата продавница е на 500 метри од тука, не можам да одам со мојата дист рофија, а мојата сопруга со шиз офренија е уште полошо. Па ако не одиме со колата, мора да не вози некој, немаш секогаш пари за такси“, вели тој.
Фарук сака да добие шанса да ги направи тестовите за кои вели дека ги знае напамет и да добие лекарско уверение.
„Од три можни печати ми треба само еден и готов сум. Можев да го купам, но не сакав. Имав понуда за фалсифи кување, но не ја сакам. Возам со чист образ и ќе возам понатамѕ“, искрено изјави Сарајлија.
„Полицајците се одлични момци кои си ја работат својата работа. Возам, ме пишуваат.Нема што да им се каже на тие луѓе. Не дај боже да ги нема“, рече тој.
Тие побарале дозвола од МУП на сараевската жупанија да му го одземат автомобилот на Фарук со кој ги извршил пре кршоците, но општинскиот суд се уште не дал согласност.