(ФОТО) Адријана Кеш и македонската Стоја на луксузно патување преку океан – ги покажаа извајаните тела
Несомнено е дека Македонија може гордо да се пофали со бројните фолк-пејачки кои освен со бисерното грло се издвојуваат и по атрак тивниот изглед.
Адријана Ацевска или во јавноста позната како Адријана Кеш е една од најатрактивните пејачки на сцената. Својата популарност ја стекна со големиот хит „Кеш, кеш“ кој за неверојатно брзо време ја освои публиката.
Во музичката кариера врвот го достигна со песните “Мафија ш”, “Кеш”, “Ро бинка“, особено поради прово кативните текстови кои ги пееше.
Со музика се занимава од најрана возраст – уште на 7 години беше дел од хорот на Сидо фестивалот. По потекло е од Битола, а долги години опстојува на македонската музичка сцена и може да се пофали со успешна кариера.
Кога станува збор и за одлично пеење, но и за фигура достојна за завидување, тогаш секако мислиме на фолкерката Ирена Вељовска. Добро познато лице и е на јавноста и од емисијата Мерак меана.
Иако Ирена на себе има направено неколку корекции, сепак мора да признаеме дека е вистинска убавица. Настапува во ресторани, но и на семејни прослави како кај нас така и во дијаспората. Не за џабе ја нарекуваат македонска Стоја.
Следниов период двете наши пејачки ќе го проживеат максимално. Имено, тие двете заедно споделија дека ќе патуваат за Занзибар, Танзанија, а веќе и пристигнаа од каде што секој ден објавуваат фотографии.
Додека танцуваат, заедно пијат кокос, заедно бакнуваат графит, додека запознаваат нови пријатели – секој можен момент е документиран на социјалните мрежи.
Мора да признаеме дека имаат навистина одржувани фигури, а и одвоиле прилично висока сума од буџетот за да се почастат со такво егзотично патување.