(ФОТО) Гавазова заљубена како никогаш досега – открива дали постои лек за љубовта
Една од најпознатите македонски пејачки Сузана Гавазова што се вели ја има буквално секој ден во медиумите, а има и зошто – поточно со причина.
Популарната Сузе освен што е надарена за музика и пеење едноставно знае да привлече внимание на себе, нешто што умешно го прави, пред се преку социјалните мрежи.
Популарната Сузе има многу обожаватели кои го следат секој нејзин чекор, а таа свесна за својата популарност, вокални и физички квалитети, не ги остава фановите без да ги почести со некој новитет на социјалните мрежи.
Освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.
Во брак е со Јасмин Курузовиќ, Босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тие се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.
Иако живееја шест години во Шведска, сепак решија да се вратат во Македонија, заедно со сопругот и двете ќерки. Таа често ги пакува куферите и заминува на настап, а нејзиниот сакан и е верен придружник.
Освен тоа, нејзините фанови и следбеници знаат колку е голема нивната љубов, а Сузе тоа повторно го покажа со фотографија на фејсбук за којашто напиша: Нема лек за љубовта, освен да љубиш повеќе