(ФОТО) Дебарлиева славеше јубилеен роденден со торта на неколку спрата – дуваше свеќички, но никој нема да и даде толку години како што е
Важи за добро впечатлив лик и воедно име и презиме кое веќе е со години на малите екрани, а тоа е Билјана Дебарлиева.
Популарната Биле со својот шарм, непосредност и природна убавина, низ годините ја задржа својата автентичност пред гледачите, а со текот на времето како да подмладува.
За младешкиот изглед и за коментарите дека изгледа доста помлада од возраста, таа раскажува дека во поглед на негата нема нешто што посебно би го издвоила, освен оние вообичаени утрински и вечерни ритуали на нега на кожата со препарати што одговараат на нејзиниот тип кожа и на годините.
Билјана jа гази петтата деценија од животот, но тоа не би го рекле за неа според нејзиниот физички изглед.Плени со својата убавина, нежност и неверојатна харизма.
Таа неодамна се реши за промена на својата работна позиција, па од Канал 5 направи трансфер на ТВ Телма.
Во текот на изминатата вечер таа со своите најблиски го прослави родендено и притоа на својот инстаграм профил објави како си помина.
Таа дуваше свеќичка со бројот 50 колку и што полни години, но реално изгледа многу помлада. А и тортата, на два спрата беше во преде план.