(ФОТО) Еве како изгледа денес Цацко од К-15 – годините си го прават своето
К-15 е популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започна во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.
Епизодите нема кој не ги гледал кај нас, а и покрај толку поминато време се уште кружат нивни видеа и ги засмејуваат луѓето по којзнае кој пат.
Цацко Конопишки (Бубо Каров) е еден од трите најкаракеристични и најпопуларни ликови особено популарен на почетоците на К-15.
Цацко потекнува од Конопиште, Кавадаречко (како и Бубо Каров кој е од Кавадарци) и често зборува со специфичен кавадаречки дијалект за дополнителен хумористичен ефект на неговите реплики.
Цацко моментално ги живее своите пензионерски денови, посветен на своите внуци, но иако одамна не сме го виделе во јавноста се појави слика од него.
Имено, Перо Антиќ на Инстаграм приказна сподели селфи фотографија со Цацко и напиша: Легенда.