(ФОТО) Елизабета, сопругата на Пендаровски заблеска во совршена долга креација
Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во јавноста и е доста активна на социјалните мрежи.
Понежната половина на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски за пошироката јавност не е непознаница.
Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.
Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.
Елизабета важи за жена која секогаш е насмеана и делува расположена кога е во јавноста, а исто така ја одликува и хуманоста која на дело ја покажа многупати.
Освен тоа, секогаш стокмена во согласност со приликите, елегантна, скромна, нема човек кој би и нашол и најмала замерка. Прва дама во вистинска смисла на зборот.
Овојпат, во долг бордо фустан заблеска на традиционалниот годишен прием за претставниците на дипломатскиот кор акредитирани во нашата држава.