(ФОТО) Игор Џамбазов во друштво на наша позната пејачка: Не сме лоши, нешто ви спремаме

Неодамна, цела македонска јавност ја потресе веста дека после неколкугодишна врска, познатиот љубовен пар Игор Џамбазов и Илина Арсова стави крај на нивната врска.

Илина замина во Америка минатата година каде моментално е на своите докторски студии во Тенеси, а Игор остана овде, па според него далечината си го направила своето.

Џамбазов е човек кој го знаат сите од 7 до 77 години. Еден и едниствен, човек кој постојано низ годините наназад, па и децении е присутен во нашата јавноста.

Важи за еден од најпознатите македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.

Џамбазов е доста активен и има интеракција со публиката пред се благодарение на социјалните мрежи на кои секојдневно е активен.

Често знае да сподели по некоја објава со негови колеги, но и други јавни фаци од естрадниот свет. Па така и овојпат, се најде заедно со македонската мис и пејачка Кристина Димитриевска.

Кристина неколку пати има добивано награди за убавина, а од пред некое време се проби и на музичката сцена. Има свои песни со видео спотови, но настапуваше и по ноќните клубови заедно со ДЈ Боно.

Сега нивната соработка е завршена, но Кристина продолжува со нови проекти и настапи насекаде низ Македонија. Според последната нејзина објава на Инстаграм може да се забележи дека нешто се „крчка“ меѓу неа и Игор.

Така, таа сподели заедничка фотографија под која напиша: Нешто ви спремаме, не сме лоши.