(ФОТО) Ирена Спасовска се јави од Дубаи: Ликот на шеикот е присутен секаде
Иренче, поточно македонската фолк пејачка Ирена Спасовска ужива во секој ден од животот, а доказ за тоа се фотографиите и видеата на нејзините социјални мрежи.
На македонската музичка сцена е присутна повеќе од 30 години, нејзината кариера започнала уште од далечната 1989 година, па може да се каже дека Ирена има свое реноме во фолк-музиката.
Ирена ужива да патува, а често посетува егзотични места за време на летото. А, сега на почетокот на есента, Иренче пак си користи одмор.
Така, изминатиов период имаше можност да го помине во можеби една од најомилените и најпосакувани дестинации за луѓето од целиот свет – незаменливиот Дубаи.
За тоа сведочат објавите на социјалните мрежи за кои многумина може да и позадиват. Уживаше во глетката на Бурџ Калифа, на огромната фонтана, преубавите плажи и ноќното капење на Персискиот Залив.
Спасовска е позната во медиумите и по нејзиниот „шеик“, па така и овојпат од Молот во Дубаи си напиша: Емирати мол.Во земја каде што сите се задоволни со својот живот.Во таа чест ликот на шеикот, владетелот на Дубаи- Мохамед бин Раšид ал Мактум е присутен секаде.