(ФОТО) Македонската пејачка игра кладилница – се пофали колку добивка си фати
Екипата на Реал Мадрид уште еднаш покажа дека е талична во Лигата на шампионите и со втора победа над Ливерпул (1-0) кралскиот клуб се пласира во четвртфиналето на елитата.
Иако се постигна еден гол, мечот на „Бернабе“ беше вистинско уживање со отворен фудбал и многу шанси, а во првиот дел блескаа голманите Алисон и Куртоа.
Како што е познато во првиот меч игран во Англија славеше шпанскиот клуб по пресврт со резултат од 2-5.
Единствениот гол на вчерашниот меч дојде во 79. минута кога Винициус асистираше до Бензема, а Французинот реализираше за предност која на крај се покажа и одлучувачка за победа.
Токму овој гол и донесе среќа и заработка и на наша позната пејачка која се пофали дека играла кладилница во живот.
Имено таа реши да си ја проба среќата и во 37. минута од мечот при нерешен резултат од 0-0 се обложи дека Реал Мадрид ќе победи.
Тоа и се случи, па за влог од 10 евра на коефицент 2.40 таа си доби 24 евра, за што го сликаше и објави добитниот тикет.
Станува збор за згодната битолчанка, популарната Марија Луиса која важи и за кралица на бакшишот.