(ФОТО) Македонскиот пејач објави фотка и се пофали: Пантерот конечно уловен
Од неодамна низ медиумите почна да се шири веста дека црн пантер побегнал сд заложништво во Унгарија и е виден оваа година во пограничните места во Србија.
Според информациите и направените снимки пантерот последно е виден на шеталиштето покрај Големиот бачки канал во војводинскиот град Врбас.
Постојано се шп екулира каде следно може да се види пантерот и која би била неговата следна дестинација. Луѓето се растрево жени и шетаат со страв да не им се појави.
– Неопходно е да се следи ѕве рот дење и ноќе, а ловечкото друштво, кое е опремено со термални камери, може да го лоцира и ноќе. Ловците можат да го заспијат со стр ели, а потоа да го сместат во зоолошка градина.
Оние кои не ја разбираат сериозноста на ситуацијата велат дека пантерот е безо пасен и нап аѓа само кога е исплашен. Самиот факт дека е практично меѓу луѓето укажува дека е во опа сност и дека ќе се брани, поради што треба да бидете внимателни – вели претставник на еколошкото друштво.
Од појавувањето на пантерот почнаа да се шират и бројни шеги и коментари кои велат дека знаејќи ја ситуацијата во државата сигурно нас ќе не одмине.
Но, на социјалните мрежи осамна слика од наш пејач кој се огласи по повод ова прашање. Станува збор за нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски.
Спасен е еден од ретките македонски пејачи кој ја негува и пее исклучиво македонската музика, и како што вели, иако се едуцирал со секаков жанр на музика го нервира тоа што кај нас е доминантна туѓата музика повеќе од нашата.
Потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника која до денес ја чува како сувенир.
Тој е секојдневно активен на социјалните мрежи а овојпат ги искористи за да ја објави веста дека кај него е пантерот: Пантерот конечно уловен, притоа позирајки со домашен мачор.