ФОТО: Панчо ДНК се поднови со ,,ѕвер” од 50.000 евра

Повеќе од 20 години ДНК се на сцената и се едни од најпознатите македонски поп групи. Основана во далечната 2002 година. Членови на групата се Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Нивните хитови опстојуваат долго време а и секоја нивна нова песна е на топ листите и е доста слушана, каде и да настапуваат ги полнат клубовите.

Од неодамна тие го прославија својот 20- ти роденден со спектакуларен концерт во арената Борис Трајковски која беше целосно распродадена, а фактите ги споделија веќе следниот ден.

– Еден ден по концертот, сè уште не можам да си ги соберам импресиите и емоциите. 🥹 Солзи па насмевки… Прочитана порака во инбокс, вибер, смс, па пак ќе се исплачам, вели Панчо.

– Таман ќе се вратам во нормала, па ќе ја погледнам онака фотографијата да видам дали е реална или е само убав сон кој од срце го посакувам на секој еден наш колега да му се случи барем еднаш во кариерата.

– Сè уште не ми е верно колку луѓе дојдоа да ме/не испочитуваат и дадат поддршка за тоа што го работиме изминатите 20 години.

– Се што ќе кажам ќе биде премалку, факт е дека немам зборови со кои би можел да го опишам чувството кое го имав додека бев на бина

– И ве гледав како ги пеете сите песни од збор до збор. Ова не е само успех на ДНК, ова е успех за македонската музика која треба да си ја негуваме, додава Панчо.

Исто така ова музичко дуо е познато и по својата хумана страна, тие се секогаш први таму каде што ќе е најпотребно. Донираат и помагаат во рамки на своите можности.

По новогодишните и божиќни празници, Панчо од ДНК реши да се поднови со нов автомобил, а судејќи според изборот воопшто не погрешил.

Панчо се поднови со вистински ,,ѕвер” вреден 50.000 евра. Станува збор за Ауди А6, произведено 2019 година, кое плени со својот изглед.