ФОТО: Предраг после 3 години се развел од сопругата, па решил да прослави, организира забава
Додека повеќето парови ја слават својата венчавка што е нормално и го чекаат тој убав ден долго, има такви кој го прават и спротивното.
Некој едвај чекаат да ги потпишат документите за развод. Добро знаеме колку тоа може да потрае а тоа прави дополнителни стре сови.
За нив излегувањето од брак е радосно како и за другите кои влегуваат во оваа заедница, и така го одбележуваат – со радост и музика.
Навистина, прославата најчесто се одржува во кругот на најблиските пријатели и роднини, но еден загрепчанец решил да направи спектакл во својот стан.
Натписот што се појави на зграда во загрепската населба „Шпански“ ги насмеа луѓето на социјалните мрежи што го следат.
„Почитувани соседи!!! По три години успеав да се разведам, па во сабота правам забава за да го прославам тој долгоочекуван ден.
Однапред се извинувам за вревата и ве молам за разбирање“, пишува во натпис објавен во групата на Фејсбук од г-дин Предраг.
„Почитувани комшии, за да знаете на време. Имаше печатна грешка од радост“, додаде тој со објавата која предизвика низа насмевки.