(ФОТО) Пристигнаа првите провокации од Бугарија: Македонија е бугарска
Младиот 22-годишиот Христијан Пендиков од Охрид инаку секретар на бугарскиот клуб Цар Борис Трети веќе е во Софија во болница каде е на лечење.
Него го очекува оперативен зафат за санирање на по следиците откако физички пред две вечери во локал во својот роден град беше на паднат.
Голема полемика се крена во јавноста, реагираа и македонските и бугарските власти и највисокиот политички врв.
Но се уште има бројни нејаснотии околу целиот случај за што се огласија и од обвинителство од каде што кажаа дека Христијан дал различни изјави.
Најново е што сега се пишува дека еден од луѓето кои го на паднале Христијан исто така бил Бугарин, но се уште не е достапен на надлежните органи.
Во Софија веќе денес имаше протест за поддршка на Христијан, а веќе стигнуваат и првите провокаци.
Екипата на бугарскиот клуб Добруджа 1919 денес одигра пријателски меч со романскиот клуб Аксиополис, а сигурно оваа информација немаше да биде пренесена и кај нас ако не беа навивачите на домашниот тим.
Имено тие на трибината кренаа провокативна парола на која пишува Христијан херој и Македонија е Бугарска