(ФОТО) Стево Пендаровски со принова која првпат ја покажа јавно – има три месеци, се вика Рок
Актуелниот преседател на Македонија Стево Пендаровски важи за човек од народот и помеѓу народот што веќе неколкупати го има покажано на дело.
Како што е познато Стево Пендаровски е петти претседател на Македонија, кој на оваа позиција е од 12 мај 2019 година.
Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар.
Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.
Пендаровски првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов.
Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ и десетици други политички партии.
Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.
Денес Стево Пендаровски имаше исполнет ден со оглед на тоа дека на гости е претседателка на Унгарија, Новак Каталин на која и приреди мало изненадување и ја запозна со едно мало слатко суштество.
„Со прекоманда од Армијата неодамна добив засилување во мојот Кабинет. Ви го претставувам симболот на нашата традиција, македонскиот Шарпланинец, тримесечниот Рок“, напиша Стево.