(ФОТО) Стефан Лазаров: Поради притисоци ангажирав и обезбедување
Како што е познато не се одржа ниту вчерашното судење за јутјуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас, кои се обвинети за кривичното дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Набргу по отворањето на рочиштето, судијката Дијана Груевска-Илиевска го одложи оти обвинителот не го доставил видеоматеријалот предложен како доказ до адвокатите на обвинетите. Закажано е ново рочиште, до кое обвинителот ќе треба да го достави доказниот материјал.
Јутјуберот Стефан Лазаров и новинарот Драган Павловиќ-Латас седнаа на обвинителна клупа поради интервјуто преку кое, според Обвинителството, се промовирало насилство кон жени. Ова е второ одложено рочиште.
На наредното рочиште, кога обвинетите ќе го чујат обвинението, ќе може да се произнесат дали се чувствуваат виновни или не за делото за кое се гонат. Интервјуто наиде и на осуди од невладиниот сектор, кој се грижи за човековите права.
Лазаров по ова на својот инстаграм профил каде штое мошне активен првилече големо внимание со двете објави.
„Поради притисоци ангажирав и обезбедување. Тоше Зафиров“, напиша Лазаров и сподели заедничка фотка со нашиот познат боди билдер